Првообвинетиот за убиството на турскиот државјанин во Штип призна вина

Првообвинетиот Кадир Кара за убиството на турски државјанин, кое се случи во мај на плоштадот „Слобода“ во Штип денеска призна вина, додека останатите четворица обвинети лица се изјаснија дека не се чуваствуваат виновни.
Бранителот, Шенаи Османов побара судот да ги издвои обвинетите и постапката да продолжи понатаму.
- Првата работа е промената на судскиот совет, а втората важна работа е што првообвинетиот даде согласност за признавање на вина. Ова ја олесни постапката, а ние во говорните воведи останавме на четвртообвинетиот кој ќе се брани со одбрана, вели Османов.
Тој посочи дека со прифаќањето на вина на првообвинетиот се олеснува работата и на судот и на одбраната. Османов вели дека очекува да се изрече поблага казна од законски предвидената. Првообвинетиот на денешното рочиште го образложи начинот на убиството додавајќи дека не било убиство со умисла.
-Целта на признавањето на вина е олеснителна околност и за судот и за одбраната. Ние очекуваме Судот да ни изрече поблага казна од предвидената. На самиот почеток од постапката ние тоа го најавивме дека беше убиство во миг, самиот обвинет даде образложение на кој начин е сторено убиството, дека не е со умисла, дека тој бил провоциран од страна на сега покојниот и во тој случај го прифати целото обвинение, изјави Османов.
На 8 мај годинава во угостителски објект на плоштадот Слобода во Штип беше убиен турски државјанин. Според обвинителниот предлог по убиството обвинетиот со помош на останатите четири лица се обиде да избега, но беа фатени на наплатна рампа на автопатот „Гоце Делчев“, односно од Штип кон Скопје.
МИА
Ново на Сител
-

Дедо Мраз и супер херои од цртаните филмови им поделија пакетчиња на хоспитализираните на Детската клиника
-

Мицкоски објави инвестиција од 100 милиони евра во енергетиката
-

Авиосообраќајот на скопскиот аеродром се стабилизира, откажани осум лета поради магла
-

Муцунски: Во фокусот внатрешните реформи и достоинствено и соодветно решение со Бугарија
-

Божиновска: Нема да има никаква криза, државата има резерви на мазут
-

Економските санкции на ЕУ кон Русија продолжени за уште шест месеци
-

Презентирана Стратегијата за развој на ЗОО Скопје: Фокус на едукација, заштита и хуман третман на животните
-

Седлоски нов селектор на македонската А-репрезентација
