Македонија
23. December 2025 - 12:18

Илјадници светилки и најразлични новогодишни реквизити го осветлија Охрид

Градот под Самоиловата тврдина подготвен за Новогодишните и божиќните празници. Празнично со илјадници светилки и најразлични реквизити се украсени централното подрачје, кејот на езерото и главните сообраќајници. Јавните претрпријатија се кородинирани а угостителските и сместувачки објекти работат на барањата на бројните гости кои ќе одмараат во Охрид.

За празниците во градот се нуди забава за сечиј вкус и сите генерации.

Дочек за најлудата ноќ има организирано во повеќе хотели, ресторани, кафулиња, како и на плоштадот во Охрид, а ќе има богата новогодишна програма во рамките на која ќе настапат голем број македонски музички ѕвезди но и од нашето соседство.