Македонија
10. January 2026 - 16:39

Ризикот од поројните дождови поголем во урбаните средини

Поројните дождови предизвикаа бројни штети, излевања на реки, поплавени домови и уништена инфраструктура. Во охридскиот регион регистрирано е излевање на реката Сушица а доколку продолжат дождовите постои опасност од излевање на реката Даљан кај селото Косел и Вапила.

Експертите алармираат ризикот од поплави ќе биде поголем во урбаните средини со непропустливи површини како што е градот Охрид каде имаме голема урбанизација бидејќи тие ќе резултираат со поголемо сливање и намалено време на концентрација на водите.

Сликата во Кичевско пак се уште е критична жителите кои се најпогодени, не можат да се вратат во своите домови, целата покуќнина им е уништена и чекаат обештетување.

Поплави има и во Ресен каде под вода се земјоделски земјишта, дворови, куќи, помошни објекти и магацини за складирање на јаболка. Се врши обиколка и проценка на состојбата на терен.