Се нормализира состојбата во западна Македонија по обилните врнежи од дожд
Се нормализира состојбата во западна Македонија по обилните врнежи од дожд но сепак најкритично останува во Кичево на улицата Прилепска. Околу 150 те лица кои се евакуирани и сместени во спортската сала Христо Узунов незнаат кога ќе можат да се вратат во своите домови, тие велат дека целата покуќнина им е уништена а немаат ни средства за да ја обноват истата.
Водостоите на Зајашка и реката Треска се намалени и нема опасност од нови поплави.
Во охридско пак реката Сушица е ставена под контрола со изградба на заштитен насип, сепак на повеќе локации се уште има поплавени подрумски простории и дворови. Како последица на зголемениот доток од притоките, расте и нивото на Охридското Езеро.
Во Струга пак поплавени се дворови и куќи во Мислешевски пат и Калишта.Територијалната противпожарна единица интервенирала со пумпи а ангажирана е и градежна механизација.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
