Македонија
13. January 2026 - 16:37

Не се издавале изградени објекти во ТИРЗ, се склучувале договори без анализи, се исплаќале плати без критериуми

Нефункционално искористени речиси 300 хектари од индустриските зони, неправилно книжење на материјалните трошоци, несоодветна пресметка и исплата на плати. Ова се само дел од забелешките кои ги констатира Државниот завод за ревизија за Технолошко индустриските развојни зони. Државата има основано 16 ТИРЗ-ови и 3 индустриски зони.Од нив, иако биле готови - просторот на 7 технолошки и една индустрика зона не се издавале на потенцијалните купувачи. 

Ревизијата констатира дека инвестициите извршени во зоните, вредни над 69 милиони евра, се уште се водат како материјални средства во подготовка и за истите не се пресметува амортизација, иако во најголем дел се ставени во функција.

Неправилности има и во делот на јавните набавки и реализацијата на склучените договори. За изведба на објекти за времено сместување и амбуланта, детски градинки и складишта во ТИРЗ 1 и 2 во Скопје, како и ТИРЗ 3 во Штип и ТИРЗ Прилеп, по принципот клуч на рака, во 2023 е склучен договр од скоро 29 милиони евра. Но, ревизорот утврди дека набавката била планирана без кост бенефит анализа, без физибилити судија и без проектна документација. За реализација на договорот, крајот на 2023 бил исплатен аванс од 5 милиони евра. Но поради слобости, истиот е спогодбено раскинат. Ревизијата утврди слабости и во делот на управување со државна помош и законска неусогласеност на платите. 

Се ангжирале лица со договор на дело, на кои им се исплаќале повисоки надоместоци отколку на редовно вработените. За ноќна работа, прекувремена, работа за празници и во недела, на времено ангажирани лица им се исплаќале за 150% повеќе од час, додека на редовно вработените -  50 отсто, што доведува до нееднаквов третман..

Исто така ревизијата поставува прашање од потребата толку лица времено да се ангажираат, чиј број од година во година расте. Од 8 лица во 2017-та, до 67 во 2024-та. За овие лице на постојат јасни критериуми за работните обврски, па на сите им се исплаќаат различни плати. 

Во периодот за кој се однесуваат забелешките директори биле Јован Деспотовски и актуелниот Гоце Димовски.