Македонија
14. January 2026 - 12:23

Македонија ќе се задолжи со нови 1 милијарда евра, издадени две еврообврзници

Државата издаде две еврообврзници од по 500 милиони евра.

Првата со рок на враќање од 4 години, а втората со рок од 8 години.

Големиот интерес кај странските инвеститори, според министерката за финансии е доказ за довербата која ја имаат кон економските политики на Владата.