Македонија
15. January 2026 - 12:18

Средба на координаторите на пратеничките групи во Собрание по вчерашната лидерска средба

Координаторите на пратеничките групи денеска ќе ги договараат деталите за законите за кои политичките лидери постигнаа согласност на вчерашната лидерска средба. Спикерот Гаши потврди дека по координацијата очекува брзо да биде постигнат консензус, а решение најавува и народниот правобранител.