Македонија
15. January 2026 - 16:28

Ќе се бара повторување на огласот за член на Судски по предлог на Парламентот – новите членови дадоа заклетва

На следната седница на Комисијата за избори и именувања ќе се бара повторување на огласот за избор на нов член на Судскиот совет предложен од Парламентот, потврдија од пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ. Иако Комисија веќе го изгласа инспекторот за прекршоци во тетовската полиција Аљбан Кадриу за нов член на Судскиот совет, кој треба да го замени Селим Адеми, сепак постапката ќе започне одпочеток. 

По донесувањето на новиот закон за Судски совет кој предвидува поригорозни критериуми и поинаква процедура, изборот треба да се спроведе согласно новото решение, смета и спикерот Гаши. 

Од денеска во Судски влегуваат и новите избрани членови како предлог на претседателката Силјановска, Сузана Јошевска-Анастасовска и Арлинда Кадри-Шахиновиќ. По свечена изјава во Собранието, претседателот на Судски вели дека  верува во изборот, а Јошевска се обврза дека ќе работеле да го вратат интегритетот на институцијата...

На 29 јануари треба да биде спроведен и изборот на член и од редот на судиите припадници на заедницата која е повеќе од 20отсто од населението. Огласот беше објавен уште во ноември, а во трката влегуваат шест кандидати кои треба да го заменат судијата Ханиф Зендели на кого му завршува шестгодишниот мандат.