Македонија
15. January 2026 - 16:32

Кичевчани кои беа згрижени од поплавите се враќаат во домовите

Кичевчани од населбата Прилепска кои беа најпогодени од поплавите и сместени во спортската сала Христо Узунов полека се враќаат во своите домови.

Во расчистувањето помогнале институциите и армијата но тие велат дека целата покуќнина им е уништена и немаат услови за живот а ни средства за да ги обноват своите домови.

Една од жените која била сместена во салата вели дека нема каде да се врати бидејќи  е болна и  оперирана .

Направен е увид од страна на надлежните институции за евидентирање на штетите, по што врз основа на проценката ќе се утврди и обештетувањето за жителите на кои им беа поплавени куќите.