Македонија
16. January 2026 - 16:29

Јавна расправа за измените на КЗ во Парламентот

Предложените измени на Кривичниот законик треба да бидат доработени и прецизно да ги дефинираат делата кои ги опфаќаат - професори, адвокати, граѓански организации ги претставија забелешките за измените на кривичниот законик на јавна дебата во парламентот. 

Сите се согласни дека измените од 2023-та со кои се намалија казните за функционерите донесоа штета, но за дел од нив овие измени се правна гимнастика. Главните забелешки се за чл.353 со кои се регулира злупотребата на службената положба. Сепак позитивно беше оценото враќањето на ставот за одговорноста за злоупотреби во јавните набавки. 

Дел од граѓанските здруженија реагираат дека во делот на злоупотреба на јавните набавки наспроти тврдењата на предлагачите, не се заострува туку намалува казнената политика, но се ограничува и имотната корист... 

Предлог законот за КЗ е поднесен од страна на мнозинството, а целта според нив е отстранување на слабостите по измените направени во 2023-та во која се намалија казните за функционерите при злоупотреби на службената положба.