Македонија
17. January 2026 - 16:25

Од Црвениот крст апелираат до „скокачите по крстот“ да ја проверат својата здравствена состојба

5 тимови на спасители на вода распоредени долж градското пристаниште и во спасителни чамци во вода, 3 нуркачки тимови, 5 медицински тимови за укажување прва помош со 2 амбулантски возила, помогнати со медицински тим на Итната медицинска помош ќе се грижат за безбедноста на капачите во вода и сите посетители на големата културно верска манифестација Богојавление –Водици во Охрид.

Од Црвениот крст апелираат  и препорачуваат  до „скокачите по крстот“ да ја проверат својата здравствена состојба и да се информираат за ризиците и опасностите кои постојат при капење во вода со температура од околу 8  oC.

Под мотото „ЕДНА КАПКА МОЖЕ ДА ПРОМЕНИ СЕ’“ во организација на Црвен крст на Водици ќе се реализира и традиционалната крводарителска акција.