Македонија
1. February 2026 - 16:48

Билетите за културните настани двојно поскапени, но Љутков смета дека се достапни за секого

Културните настани стануваат луксуз.  Речиси двојно поскапеа билетите за театарска  или балетска претстава,  но и концерти во Филхармонија.  Во Националната опера и балет од 300,400 или 500,  сега картите се продаваат од 800 до 1,200 денари.  Во Драмскиот театар претставите се од 500 до 1,000 денари,  но во  Филхармонија  атрактивните концерти  достигнаат цена и до 5,000 денари, или за двајца да уживаат ќе ги чини  10,000 денари. Министерот за култура вели дека полните сали покажувале дека цените се достапни за секого. 

-Ако имаме полни сали и карти кои се чекаат да се купат за наредните 4,5 месеци,   тоа значи дека цените се достапни за секого. Штом имаме поголема побарувачка на билети, покавлитетни престави и полни сали, побарувачката ја диктира цената, изјави  Зоран Љутков, министер за култура

Условите каде се одвиваат културните настани, не се на завидно ниво, но полека ќе се подобруваат, вели Љутков.   Се работи на реновинарње на кровот кој претекуваше во МНТ, а Драмскиот театар ќе почне да се гради кога ќе биде готов Турскиот театар, каде ќе можат да се праселат вработените од драмски. Минитерот информира и дека е испратен Извештајот до Унеско, кој треба да одлучи дали Охрид ќе го стави на листата светско наследство во опасност. 

- Ќе видиме какави ќе бидат препораките. Можно е да се очекуав се, додава Љутков

Големиот број дивоградби и урбанистичкио хаос во  Охрид , загадувањето на езерото  и недоволната грижа за културните наследства  се забелешките од УНЕСКО. Ако не се отстранат –  во јуни Охрид ќе се стави на листата  светско наследство во опасност.