Македонија
2. February 2026 - 12:21

Свеста за органодарителството сеуште на ниско ниво

Свеста за органодарителството кај нас сеуште е на релативно ниско ниво.

Се повеќе млади  има на листите на чекање за пресадување орган. Најмладиот пациент што чека срце е девојка на 26 години. Многу од пациентите кои чекаа орган, за жал, не дочекаа трансплантација што значи живот вели Ралева сопруга на лице кое чека орган за пресадување.

Медицинска екипираност за спроведување на самиот процес за трансплантација има .На листата на чекање за трансплантација на бубрези има стотина пациенти но  неопходно е да се стави акцентот на кадаверичната трансплатација.

Својата приказна ја сподели Соња Столеска, професор по информатика.  која после четири години чекање , и над две илјади албумински терапии ја добила својата битка, кога и бил пресаден црн дроб во Белград.

Според добрите познавачи секој човек може да се најде во ситуација да му биде потребен орган за продолжување на животот или да се соочи со ситуација да треба да одлучи дали да се донира орган од некој негов близок затоа неопходно е да се подигне свеста кај јавноста за подршка на органодарителството .