Во очекување на корекција на цената, оризарите протестот го ставија во мирување
Оризарите очекуваат корекција на производната цена на килограм арпа, а најавениот протест го ставија во мирување. Од надлежното министерство добија уверување дека во најскоро време ќе се интервенира, зашто актуелните 23 денари за килограм не кореспондираат со намалените приноси по хектар површина. Врз основа на тоа, треба да се донесе и откупна цена, зашто моментална е под прагот на рентабилност, а земјоделците работат со загуба.
- Ние баравме откупна цена околу 40 денари за килограм арпа, за и ние земјоделците да работиме со некаква си минимална добивка, изјави Тони Максимов, од Националната мрежа на земјоделци.
Проблемот со откупот останува клучен. Без организиран и редовен откуп, оризот и понатаму ќе остане во амбарите, а оризопроизводителите без средства за претстојната сеидба. непродаден и ќе го задржува загриженоста на земјоделците.
- Ова што се случува со откупот е катастрофа. Во амбарите речиси ни стои целата реколта од 2025-та, дали 5% е откупено. Откупувачите не откупуваат, а ние сме доведени во многу тешка ситуација. Тоа што е откупено е по основ на тоа што они им имат дадено репроматеријали и тоа си го наплаќаат, а откуп не се врши, додаде Максимов.
Следствено на цената на арпата, белиот ориз треба да се откупува по 75 до 80 денари за килограм. Ова според оризарите е легитмно барање, од причина што во малопродажба белиот ориз се продава и по цена од 150 денари.
-

Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар
