До 1 мај граѓаните кои работеле во странство треба да обезбедат доказ за платен данок
До 1 мај граѓаните кои работеле во странство ќе треба да достават докази до УЈП дека данокот таму им е платен. Потоа УЈП ќе одлучува дали потврдите ќе им бидат прифатени, или ќе треба да доплатат. Проблемот е што дел од компаниите кои ангажирале работници, веќе се згаснати, па обезбедување докази за платен данок во 2020-та, не можат да обезбедат.
- Околу 70% од лицата кои бевме ангажирани да работиме во Авганситан и Ирак, може да обезбедиме документација, но останатите 30 отсто не, затоа што се згаснати тие фирми. Затоа, од директорката Петрова побаравме да помогне, преку америчката амбасада, затоа што американски фирми нас не ангажираа или преку МНР да се обезбеди некаква документација дека данокот веќе е платен, изјави Зоран Наковски, претставник на работници кои работеле во странство од Куманово.
УЈП ќе им излезе во пресрет – вели директорката на УЈП. Побарале листи на компании кои ангажирале македонски работници, па тие ќе ги контактираат. Од испратени 1,100 решенија за лицата кои работеле во Авганистан и Ирак, до сега докази обезбедиле само 200 лица
„Постојат и други засегнати граѓани кои што не успеале да обезбедат соодветни докази од компании во кои што работеле и постигнавме заклучок да ни достават листи од тие граѓани, податоци за компаниите во кои што биле ангажирани за да повторно им излеземе во пресрет и да направиме напори за проверки дополнителни и за тие граѓани во смисла на тоа дали имаат платен данок во другата држава“, Елена Петрова, директор на УЈП
Кон крајот на минатата година УЈП испрати 10 илјади даночни решенија за лицата кои работеле во странство во 2020-та година. Дел од нив реагираа дека управата ретроактивно им бара да платат данок на остварениот доход, а дел дека данокот веќе им е платен во земјата каде што работеле. Согласно законот, ако граѓаните достават доказ дека платиле данок во земја со која имаме потпишано договор за одбегнување на двојно одночување, нема да треба да платат ништо. Но, во земјите каде данокот на доход е нула отсто, должни се да платат 10% од заработената бруто плата.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
