Прекумерната употреба на антибиотици сериозна опасност по здравјето
Прекумерната употреба на антибиотици претставува серизна закана по здравјето.Македонските граѓани се почесто антибиотиците ги земаат на своја рака,без лекарско мислење па наместо да лекуваат, тие само ја зголемуваат отпорноста кај бактериите. Многу од лекарите се нашле во ситуација под притисок на пациентите за побрзо оздравување да бараат да им биде препишан антибиотик.
Македонија е една од земјите во Европа и регионот, каде потрошувачката на антибиотици е зголемена многу често се земаат овие лекови и без рецепти па затоа потребни се засилени контроли и поголеми казни.
Докторите алармираат дека треба да се работи на подигање на свеста кај граѓаните ,потребна е рационална употреба бидејќи отпорноста на антибиотиците може да предизвика смртни случаи.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
