Мицкоски: Останаа уште неколку битанги кои ќе се најдат зад решетки
Премиерот Мицкоски порача дека дел од криминалците кои се занимавале со дрога веќе се зад решетки но ќе има и други. Премиерот вели неколку фирми се под постојан надзор и не случајно најавил откривање и до 100 тони од овој вид дрога.
Со носењето на спорниот правилник за добивање лиценца за одгледување канабис, Мицкоски вели свесно почнал организираниот криминал.
Министерот за здравство најави ревизија на постојните правилници за добивање лиценца. Алиу рече дека проверки ќе се прават со две различни комисии, едната од здравство која веќе влегла во сите 43 фирми заедно со МВР, другата е меѓуресорската каде ќе се именуваат нови членови од Влада бидејќи од формирањето до сега не поднеле ниту еден извештај.
Опиозициската СДСМ обвини дека власта изнесува лаги за правилникот и законот за да го избегне прашањето како поминале 5те тони марихуана преку граница. Инаку за тој случај во Србија приведени се 4 лица меѓу кои сопственикот на Алфафарм груп, во чија фирма полицијата и овде заплени десетина тони марихуана. Од ОЈО ГОКК и МВР нема детали од истрагата, дали и колку лица се повикани на информативен разговор или се приведени во врска со заплената на 40 тони марихуана од фирмите во Скопје и Струмица.
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
