Радев апсолутен победник на изборите во Бугарија
Поранешниот бугарски претседател Румен Радев е убедлив победник на вчерашните избори во Бугарија. Радев кој ја формираше партијата пред овие избори веројатно ќе има апсолутно мнозинство во Бугарскиот парламент откако од над 90 пребројани гласови има близу 45% поддршка. Тоа ќе биде доволно за да резервира 130 столчиња во бугарскиот парламент кој има 240 пратеници, што најавува простор за стабилна влада на осмите парламентарни избори во период од само 5 години.
Со по околу 13% од гласовите изборите ги завршуваат партиите на поранешните премиери Бојко Борисов и Кирил Петков.
Румен Радев во јануари си замина од претседателската функција и формираше своја партија. Го искористи моментот на големите антивладини протести на кои им даде поддршка. Во кампањата се фокусираше на внатрешната политика ветувајќи борба против корупцијата и подобар животен стандард. Трпеше критики за ставови блиски до руската политика и противењето на европските санкции против Москва.
