Македонија
26. May 2026 - 16:33

Пленковиќ и Мицкоски за евроинтеграциите

Целосна и недвосмислена поддршка за македонските евроинтеграции понуди хравтскиот премир Пленковиќ од Охрид кој смета дека нашиот пат кон ЕУ е исполнет со непринципиелни и неправедни блокади. Хрватскиот премиер доаѓа во екоот на предлогот на германскиот канцелар Мерц за алтернативи за побрзо членство на Украина и западен Балкан. Иако вели дека намерите на Мерц се добри, сепак, до крај не се прифатливи.

Од друга страна, премиерот Мицкоски без да го коментира нон-пејперот на Мерц, дециден дека уставни измени и нови дополнителни барања од Софија нема да бидат прифатени. Она на што се фокусира Владата е завршување на реформрате дома. Истакна дека и во јуни очекува највисока оценка на Брисел.

Нон пејперот на германскиот канцелар Мерц за нова динамика во проширувањето на ЕУ добива се помала поддршка.  Идејата Украина да добие придружно членство без право на глас не е прифатливо ниту за самиот Зеленски. Претходно пак, предлгот го одбија и словачките премиер Фицо и претседател Пелегрини, како и новиот унгарски премиер Маѓар. Тие сметаат дека државите од западен Балкан треба да добија предност во интеграцијата во Унијата пред Украина.