Групацијата Флекс донираше куќичка за желките во скопската зоолошка
Сулејман конечно доби дом каков што заслужува, а ти ќе можеш да го посетиш во кое било годишно време. Желките во скопската зоолошка градина за првпат ќе имаат сопствено живеалиште изградено според стандардите, благодарение на донацијата на Флекс Групацијата. Едни од најстарите африкански желки сега посетителите ќе може да ги гледаат цела година, наместо како досега, само во летните денови.
„Ова ни е прва иницијатива која ја сработивме заедно со тимот на скопската зоолошка. Вакви иницијативи ќе продолжиме да работиме и понатаму. Ова за нас беше голем предизвик, затоа што ова нема да биде доволно само за зоолошката градина, туку ќе биде и идеална и за сите посетители.Така да им благодарам...и еве им го предавам клучот од оваа куќичка“, изјави Тина Трпковска, маркетинг директор на Флекс Групација.
Од скопската зоолошка велат дека ваквите донации се од особено значење и дека овој пример треба да го следат и останатите компании.
„За жал посетителите не можеа да ги видат преку текот на целата година, туку само во летниот период. Благодарност до Флекс кредит и сите општествено одговорни компании кои што овозможуваат и препознаваат како зоолошката градина може квалитетно и со приватниот сектор да работи и да придонесе за подобри живеалишта во градината“, изјави Катерина Костова, в.д. директорка на скопската зоолошка.
„Се работи за третата по големина во свет желка Сулката, којашто за првпат нашите посетители ќе може да ја гледаат 365 дена. Обично зимоска импровизиравме, ја прибиравме во некои помали простории каде ја загревавме, но сега ќе можат целата наша фамилија да ја гледаат во една мала куќарка која се наоѓа веднаш до едукативниот центар“, изјави Војо Иванов, вработен во скопската зоолошка.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар
