На бизнисот потребен му е стручен кадар, со знаења и вештини, не само дипломи
Факултетите да продуцираат кадар кој му треба на бизнисот, а не само да штанцаат дипломи. Ако во минатото успехот се мереше со бројот на запишани студенти и издадени дипломи, денес ситуацијата е сосема поинаква. На економијата потребен и е стручен кадар, а не професии кои исчезнуваат. Затоа високото образовние треба да се поврзе со бизнисот, а студиските програми да се креираат заедно со стопанството.
- Сега кога ќе славиме 35 години независнот да се запрашаме дали и каде згрешивме. Треба да видиме колку се запишани студенти, а што му треба на бизнисот. Не смееме да штанцаме дипломи кои не се потребни на пазарот. Ни требаат инженери, технолози, ИТ експерти, машински електроинженери, енергетичари, и да не набројувам. Значи, ни требаат практичари, не само теоретичари. Во следните 10 години ќе победуваат државите — а таму треба Македонија да се најде, изјави Марјан Ѓуровски, универзитетски професор
Македонија веќе не смее да произведува кадар, со кој ќе се зголемува бројот на бирото на невработени. Потребни се знаења, вештини и иновации, кои ќе создадат додадена вредност во државата.
- Продуктивноста кај нас е најниско ниво. Ефикасноста е на најниско ниво. Може да се реши само на еден начин: високопрофесионални луѓе со високи примања. Ако тоа не го направи Македонија, си потпишала смртна пресуда. Менаџмент мора да ја води државата и да ги водат компаниите што се... што постојат, коишто се добро платени, наградени за тоа што го работат и што ќе предводат ризични каубојски операции, со коишто можат да дојдат до поголема додадена вредност, изјави Бранко Азески, претседател на Стопанската Комора
Од бизинсот алармираа дека се соочуваат со недостиг на кадар. За да ги привлечат и задржат, платата веќе не е на прво место. Мора да понудат и добри услови за работа и уште многу други бенефиции.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
