Македонија
9. јуни 2026 - 12:12

Премиерот Мицкоски најави почеток на градба на нов клинички центар на почетокот на идната година

По завршувањето на трите капитални проекти во здравството во Штип, Тетово и Кичево, премиерот Христијан Мицкоски најави дека во текот на идната година ќе почнат и градежни работи за изградба на нов клинички центар кој ќе се протега на просторот помеѓу салата Борис Трајковски и Градската општа болница 8 Септември и овие два објекта ќе бидат поврзани со подземен премин под булеварот.