Два случаи на Западнонилска треска потврдени на инфективната клиника
Два случаи на Западно нилска треска се потврдени кај пациенти сместени на инфективната клиника во Скопје. Биле хоспитализирани по каснување од комарец. Еден од пациентите, кажал дека пред неколку денови се вратил од Грција, додека другиот, не пријавил патување надвор од државата.
„Едниот пациент е 51-годишен, кој пред да му се појават симптомите, два-три дена пред тоа патувал од Грција, што постои веројатноста да е таму каснат од комарец. А додека за другиот пациент немаме позитивна епидемиолошка анкета. Пациентот е 68-годишен, од Скопје и не патувал никаде.“
Двајцата пациенти според лекарите во моментов се во стабилна состојба. Инкау, Западнонилската треска е вирусно заболување кое се пренесува преку убод од инфициран комарец.
Најголем дел од инфицираните лица немаат симптоми или имаат лесна клиничка слика, додека кај мал број пациенти, особено кај повозрасни лица и лица со ослабен имунитет, може да се развијат потешки невролошки компликации.
„Па сите граѓани кои по убод од комарец ќе развијат висока температура, силна главоболка, вкочанетост на врат, нарушена свест или било кој од другите невролошки симптоми, треба веднаш да побарат медицинска помош. Но тоа не значи дека секоја главоболка оти секоја температура би насочило дека иде во прилог на Западнонилска треска. Тоа треба да се јави на лекар и да, нели, почнат понатамошни иследувања“, Фадил Цана, Директор на Клиника за инфективни болести.
Како заштита, лекарите препорачуваат носење долги ракави во попладневните часови, употреба на заштитни средства, но и поставување заштитни мрежи на прозорците.
Првиот случај на западно нислка треска во земјава беше регистиран во мај кај 55 годишен велешанец.
Грција пак, според европскиот центар за превенција и контрола на болести, досега не пријавила случај на заболени со западно нилска треска.
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
