13 заразени со западно-нилска треска, тројца во критична состојба
Расте бројот и на новодијагностицирани и на критични пациенти со западно-нилска треска. Од 10 хоспитализирани со вест најл вирусот на Клиниката за инфективни болести, тројца се на респиратор.. Покрај 66 и 76 годишните пациенти кои се на одделот за интензивно лекување, од ноќеска поради влошување на состојбата на механичка вентилација е и 70 годишен скопјанец кој е со коморбидитети а заразата ја добил во земјата.
-Пред да му се појават симптомите престојувал во внатрешноста на државата и првично таму се појавиле симптоми и побарале контрола. Оттаму бил префрлен на Клиниката за неврологија а од неврологија од 29 е на Клиниката за инфективни болести, изјави д-р Фадил Цана, директор на Клиника за инфективни болести.
Останатите хоспитализирани на Инфективна според лекарите се во стабилна состојба и продолжува нивниот болнички третман и медицински надзор. Сите 13 дијагностицирани годинава се над 60 годишна возраст и се лица со повеќе хронични заболувања што е ризик фактор да ја добијат најтешката форма на вирусот и затоа лекарите за овие групи апелираат на зголемена претпазливост.
-Најдобра е личната заштита, а тоа е да избегнуваат излегување надвор когакомарците се најактивни од приквечерието до наутро, ако веќе мора да излегуваат да користат репеленти кои ги има во различни форми како креми и спрејови, дома може да има заштита со мрежи на врати и прозорци а постојат и свеќи и други производи на пазарот кои се користат за оваа намена и секако во околината за да не се размножуваат комарците да нес е остава застоена вода, изјави -д-р Драган Кочински, раководител на епидемиологија во ИЈЗ
Од потврдените случаи само еден патувал во странство а останатите вест најл вирусот го добиле од инфицирани комарци во земјата.
Западно нилската треска предизвикува тешка форма само кај еден процент од заразентие додека останатите поминуваат или без симптоми или со лесна клиничка слика.
-

Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар
