Преглед на вестите од светот
Претседателот на САД, Доналд Трамп, во објава на Truth Social напиша дека нема разговори што се водат или се закажани со Иран, истакнувајќи дека Ормускиот теснец е отворен. Сите водни мини се отстранети или детонирани, рече Трамп. Тој, исто така, објави мапа во вторникот на која Ормускиот теснец е означен како „нова територија на САД“, што веднаш предизвика остар критики од Иран.
Иранската новинска агенција Фарс го отфрли тврдењето на социјалните медиуми, нарекувајќи го тврдењето на Трамп дека Ормускиот теснец им припаѓа на Соединетите Држави „заблуда“.
Во меѓувреме, претседателот на иранскиот парламент, Мохамед Бакер Калибаф, изјави дека Ормускиот теснец нема да биде отворен доколку САД не ги исполнат своите обврски според меморандумот за разбирање (MoU) меѓу САД и Иран.
Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) рано утрово соопштија дека ги прекинале сите трговски, комерцијални размени и финансиски трансакции со Иран по откривањето на две балистички ракети лансирани од Иран, додека Техеран ги отфрли таквите тврдења. Ракетите биле насочени кон поморскиот сообраќај. Министерството за одбрана соопшти дека првата ракета паднала надвор од територијалните води на ОАЕ, додека втората паднала во територијалните води на земјата. Досега не се пријавени жртви или штети во врска со ракетите.
Во соопштението се потврдува посветеноста на ОАЕ на дијалогот, соработката и регионалната интеграција како суштински средства за унапредување на мирот, стабилноста и просперитетот во регионот.
Во Јужна Америка по разорните земјотреси во Венецуела и Колумбија, други држав и се на удар на лоши временски услови.
Лизгањето на земјиштето во Чиле, предизвика евакуации и прогласување состојба на катастрофа во областа. Регионот е најтешко погоден од интензивните дождови, кои оставија улици целосно поплавени и оштетени, а возилата однесени од надојдените води.
Перу продолжи да страда од последиците од обилните дождови во кои предизвикаа и оштетувања на патиштата во земјата, со големо влијание на сообраќајот. Во некои области товарни камиони и автобуси беа заглавени во калта на автопатот. Во погодените области се организирани привремени засолништа, заеднички кујни, здравствени услуги, напори за обнова на училиштата и распоредување моторни пумпи и хидромлазна опрема.
Широк студен фронт ги зафати Андските висорамнини на Боливија во носејќи обилни снежни врнежи и температури под нулата што го нарушија транспортот. Властите затворија клучни планински премини и ги суспендираа автобуските услуги од Ла Паз до северните региони.
Десетици возачи на камиони останаа заглавени на автопатот Кочабамба-Оруро во близина на Конфитал, засолнувајќи се во возила покриени со снег додека тешката механизација работеше на повторно отворање на патиштата.
-

Марјан Ников
Сите содржини од овој новинар
