Македонија
20. August 2026 - 16:36

Летна школа на меѓународниот семинар за македонски јазик во Охрид

Образованието и науката претставуваат темели за иднината на нашиот јазик истакна министерката за образование Јаневска на отворањето на летната школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот Свети Кирил и Методиј во Охрид. За подобрување и унапредување на македонскиот јазик се стипендираат студенти, се мотивира творење а отворени се и 7 лекторати.

Зголемен е интересот за отварање на нови лекторати на странски универзитети каде се изучува македонскиот јазик.

На летната школа учествуваат 60 македонисти, слависти, балканолози, филолози, културолози и преведувачи од 17 земји.