Владата бара Китановиќ да го повлече ставот за Младиќ или да си поднесе оставка
Или да се повлече од позицијата или да се придружува до владините ставови и политики - Владата очекува директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците Далибор Китановиќ да донесе одлука откако преку објави на социјалните мрежи го величеше осудениот воен злосторник Ратко Младиќ.
-Ставот на Владата е јасен и се темели на меѓународно утврдените правни факти. Ратко Младиќ е правосилно осуден за геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства од надлежниот меѓународен суд. Ставот на Далибор Китановиќ е негов личен став и неприфатлив за Владата. Владата ги гради ставовите врз основа на интересот на државата и граѓаните. Кога таквиот став е изграден тогаш истиот се почитува од страна на сите поединци во Владата. Волунтеризам е неприфатлив и Владата ќе побара од Китановиќ да го повлече ставот. Доколку Китановиќ не се согласува со политиките на Владата очекуваме негово повлекување од позицијата која ја извршува.
Јавните објави на Китановиќ и на Партијата на србите во Македонија на министерот за локална самоуправа Стоилковиќ, по смртта на Ратко Младиќ, ја разгореа партиската битка.
Опозицијата преку јавни објави и партиски соопштенија бара кривична и политичка одговорност од Иван Стоилковиќ и Далибор Китановиќ, кои преку фотографии на социјалните мрежи од лични и партиски профили по неговата смрт го нарекоа Младиќ свој генерал на небеската војска, величејќи го неговиот лик и дело.
Опозицискиот лидер Филипче преку социјалната мрежа X, бара премиерот Мицкоски да каже дали ставот на Стоилковиќ е официјален став и на владата. Опозицијата бара одговорносот за Стоилковиќ и Китановиќ за како што велат величењето на воен злосторник. Бараат обвинителството да постапува и утврди одговорност кај двајцата.
ВРЕДИ не се набљудувачи, туку се дел од владата, затоа се одговорни за партнерите што ги одржува на власт и за сè што толерира заради фотелјите, реагираат интегративците.
-Молкот пред овеличувањето на геноцидот е толеранција, а толеранцијата во власта е соодговорност. Заради неколку фотелји, ВЛЕН избра да владее заедно, да молчи и да толерира, велат од ДУИ.
Со осуда глорифицирањето на воени злосторници и владиниот партнер Вреди. Бараат итна одговорност од јавните функционери.
-Позагрижувачки е кога вакци содржини се објавуваат од стрна на раководител на институција чија задача е да ги штити правата на Албанците и другите заедници. Ова не е прашање на стандардите на еден јавен функционер и на пораката што институциите им ја праќаат на граѓаните, велат од ВРЕДИ.
Сител се обиде да добие став за барањата за одговорност и од Стоилковиќ и од Китановиќ, но не одговаа на повиците, ниту се огласија за партиските обвинувања.
Додека опозицијата испраќа реакции за влијание на т.н. „српски свет“, владејачката партија објавува дека поранешниот советник на Заев за локална самоуправа, Виктор Петрушевски, се споменува во афера на Косово.
-Поранешниот советник на Заев за локална самоуправа, Виктор Петрушевски и поранешен член на високите партиски тела на СДС, е вклучен во последната шпионска афера во соседна земја, каде што тамошни јавни личности испаднаа дека се дел од тајната српска служба, за што е поднесено и обвинение. Од друга страна пак, градоначалниците на СДС, како тој во Крива Паланка кој деновиве прави концерти токму со пејачите на Александар Вучиќ, за кого велат сака да го прошири неговото влијание и на наша територија, реагира ВМРО ДПМНЕ во партиското соопштение.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар
