Матичен ќе издава боледување до 5 дена, Фондот ќе проверува дали пациентот е дома
Кога сте на боледување, контролор од Фондот за здравствено осигурување може да ви тропне на врата да провери дали сте дома. Доколку не ве најде на домашна адреса, ќе го извести вашиот работодавач но и ќе мора да се јавите на лекарска комисија да образложите каде сте биле. Со измените на правилникот за боледување целта е да бидат намалени злоупотребите, како на пример шетање во странство додека имате решение за привремена спреченост од работа. Фондот за спроведување на контролниот механизам ке соработува со УЈП и МВР.
- Новина е што согласно укажување на контролорот, издаденото лекарско боледување од лекарска комисија може да биде ревидирано. Темата боледувања и породилното е секогаш сензитивна во јавноста и нас не ни е идеја да ги превенираме правата на боледување, но и те како ни е идеја да превенираме злоупотреби, изјави Златко Перински, директор на Фонд за здравствено осигурување.
Ако досега од матичен боледувањето можеше да биде до 7 дена, со новиот правилник е скратено на 5 дена а исто така е олеснета и постапката за утврдување на боледување кога лицето поради здравствената состојба не може физички да присуствува. А додека се чека новиот правилник, Фондот по пријава на работодавец контролира боледувања и при крај се со анализата во Министерството за одбрана. Со злоупотреби се користат и оние кои работат во приватни фирми.
- Она што во последно време е несекојдневно во рамките на Фондот е што не само вработени во јавен сектор кои имаат злоупотреби на боледувањ, во последно време се соочуваме и со пријави кои доаѓаат од приватниот сектор и на пријава на тие работодавачи ние постапуваме и за жал, утврдуваме и злоупотреби, изјави Перински.
Од Фондот велат дека за годинава се предвидени над 6 милијарди денари за боледувањ аи породилно отуство и токму поради висината на сумата мора да го зајакнат системот на контрола.
-

Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар
