Loading Video...
Македонија
28. September 2026 - 17:12

Шестмина уапсени под сомнение за тероризам

Уапсени се шест лица во Скопје и околината поради сомнение за тероризам. Неофицијално кај нив се пронајдени неколку снајперски пушки, повеќе пиштоли, знамиња со обележја на ИСИС. Според информациите на Сител станува збор за лица кои биле или поранешни припадници на терористичката организација или се уште имаат конекции со неа. Покрај големата количина оружје, пронајдени се и ригови за нелегално копање на криптовалути. 

Од Обвинителството официјалните детали ги најавуваат кога ќе заврши акцијата. 

Под раководство на јавен обвинител од ОЈОГОКК на територија на Скопје во тек е акција на МВР и АНБ на повеќе локации. Приведени се повеќе лица поради сомнение за сторени кривични дела од областа на тероризмот. По завршување на акцијата, јавноста ќе биде информирана, соопштија од Обвинителството. 

Засега не е познато дали станува збор за македонски или странски државјани и какви активности планирале да спроведат. 

Денешното апсење е уште едно во низата акции на безбедносните служби, кои во изминатиот период разбија неколку радикалaни мрежи во земјава. Кон крајот на 2024 година, полицијата неутрализираше група предводена од 21-годишен гостиварец, која делувал  преку тајни групи на апликацијата Телеграм. На апликацијата регрутирал членови од земјава и странство и отворено поттикнувал терористички напади низ цела Европа. Веќе на почетокот на 2025 година беше откриена уште една четиричлена терористичка ќелија, која ги користела истите дигитални канали за ширење агресивна пропаганда на ИСИС и привлекување нови следбеници. Крајната мета на двете организации биле фреквентни цивилни локации и државни јавни објекти на територијата на Европа и Македонија, каде со координирани напади планирале да предизвикаат масовна паника, хаос и чувство на општа несигурност кај граѓаните.