Македонија
29. September 2026 - 20:55

Владата ја чека Фон Дер Лајен со предлог за разговорите со Бугарија

Билатералните разговори со Бугарија се без суштина и време е Брисел да фати столче на преговарачката маса. Со ова барање Владата ќе ја пречека Претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон дер Лајен која во петок пристигнува во Скопје.

Премиерот вели дека нема комуникација со официјална Софија но дека Македонија сака да разговара.

Во СДСМ се на ставот дека нема за што да се преговара. Според опозицискиот лидер власта измислува преговори бидејќи нема намера да го продолжи европскиот пат. До таму, како што вели се стигнува само со внесување на бугарите во Уставот.

Владата останува на позицијата дека нема да прифати уставни измени се додека не добие предвидлив тек на преговорите, а истата позиција се очекува да биде повторена и пред Фон дер Лајен која веќе утре тргнува на балканската турнеја.

Пред Скопје ќе ги посети и Тирана, Приштина и Подгорица. Поради изборните процеси, Србија и Херцеговина не се на нејзината агенда.