Бизнис
4. October 2026 - 17:02

Експертите сугерираат: Да не се кратат капиталните расходи, да се зголеми наплатата на приходи

Внимателност при кратењето на капиталните трошоци, алармираат експертите пред најавениот, втор ребаланс на буџетот. Реализацијата и до сега е најниска во регионот, така што сугерираат да се земе од незапочнатите проекти и од непродуктивните расходи.

Според нивните, владините мерки од намалените акцизи и ДДВ на горивата го чинат буџетот над 120 милиони евра, пари кои ќе мора од некаде да се обезбедат. 

-  Реализацијата на капиталните проекти до август е некаде околу 50%, а само околу 3% нивото на капитални инвестиции. Остнатите 90% се тековни расходи во буџетот. Треба да се размислува дали да ставиме лимит или праг, под нкој нема да смееме да ги намалиме. И треба да знае од каде да се намали – дали со префрлање средства во фондот, на ПИОМ, префрлање на субевенциите, и слично. Ние конечно треба приходите да си ги наплатиме. 1/3 не се ненаплатени, изјави Борче Треновски, универзитетски професор.

Помалите приходи во буџетот, а зголемените трошоци, ќе го ревидираат нагоре и буџетскиот дефицит. Според проценките, од планираните 4,1% од БДП, можно е дефициот да досетигне до 4,7 отсто. Тоа ќе влијае и за зголемување на јавниот долг

- Ние немаме луксуз за да зголемување буџетски дефицит. Како ќе се финансира тој дефицит? Препорачливио е минимално згоелмување на дефициот, а парите да ги најдеме од друг место. Можеби со формалзиирање на неформалната економија. Имаме најмало ниво на наплатени приходи од сите земји во регионот, додава Треновски

По најавите на премиерот дека недостасуваат од 7до 8 милијарди денари во буџетот, поради мерките за заштита на стандардот на граѓаните, од Министерството за финансии очекуваат дека за евентуален ребаланс владата би расправала следната недела, уште во вторник.

После тој рок, законски не е можно увојување ребаланс, затоа што веќе се подготвува предлот буџетот за следната година, кој до 1 ноември треба да биде доставен до  Влада, а  до 15-ти до Собранието.