Наводи за мобинг во кумановскиот суд - Судскиот совет ја прифати претставката
Судскиот совет ја прифати претставката за мобинг против претседателката на кумановскиот суд Снежана Манев. Потпишана од вкупно 75 вработени, во неа се изнесуваат наводи за навреди, притисоци и нарушени меѓучовечки односи.
Состојбата ја проверил и советот со увид во судот и разговор со вработените кои се пожалиле на односот на претседателката.
„Централниот навод е дека се воспоставува непосредно управување од страна на претседателката спротивно на законот и дека тоа доведува до сериозно нарушување на работната атмосфера“, изјави Сузана Јошевска, Член на Судски совет.
Според советот, нарушените меѓучовечки односи во кумановскиот суд траеле со години. Сепак, дел од членовите на судски повикаа на внимателност при оценување на наводите. Посочија дека судот е ажурен, а претседателката имала обврска да воспостави ред и дисциплина.
„Дали претседателот треба да дозволи, вработените да не одат на работа, да се откуцуваат вештачки преку лица со картички во услови кога било побарано од судскиот администратор за овој недостаток да превземе мерки. Кога видела дека нема резултат си вовела тетратка. Кому смета тетратката?“, изјави Ивица Николовски, Член на Судски совет. Околу 25 минута
„Не може ние по поплаки да одлучуваме дали ќе разрешиме или не претседател без утврдени факти како работел во судот и дали во целост се основани таквите наводи од поплаките на вработените“, изјави Тања Чачарова Илиевска, Член на Судски совет.
За поголем дел од членовите на Судски, прифатливо беше да се испита работењето на претседателката на судот во Куманово.
„Јас сметам дека не можеме да замижиме. Нешто се случува таму, да не ги занемариме тие факти. И патот до пеколот е поплочен со најдобри намери“, изјави Антоанета Димовска, Член на Судски совет. Околу 39 минута.
„Не само што е алармантна и сериозна состојбата во овој суд, туку сметам дека долго време трае“, изјава Џенета Бегтовиќ, Член на Судски совет.
Својот револт, неодмана вработените го изразија и пред судската зграда. Тогаш претседателката Манев во писмена изјава која била испратена и до судскиот совет, ги негираше обвинувањата. Заради намалениот број на вработени се правела реорганизација, неопходна била и максимална ангажираност, но дел од нив ги одбивале задачите.
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
