Судот му одреди мерки за претпазливост на вишиот обвинител од Битола
Поради опасност од бегство на вишиот јавен обвинител од Битола му се определени мерки на претпазливост. Обвинителот Пецо Везировски кој се сомничи дека вршел влијание кај колеги за обвинети лица да добијат помали казни, остана без пасошот а од судот му забранија и да работи додека трае постапката. Одлуката се темели на фактите и доказите кои биле содржани во предлогот од ОЈО ГОКК и по сослушувањето на осомничениот виш обвинител.
Кривичен суд „Против П.В., кој се сомничи за кривичното дело „Примање награда за противзаконито влијание“ од член 359 став 3 во врска со став 2 од Кривичниот законик, со оглед на фактот дека судот не може да му определи построга мерка од мерката предложена од јавниот обвинител, му се определуваат мерки за претпазливост – одземање на патната исправа и забрана за преземање определени работни активности.“
Според обвинителството осомничениот во повеќе наврати влијаел при донесување на одлуките од страна на други јавни обвинители со цел изрекување поблаги казни за сторителите.
ОЈО ГОКК „Во изминатиот период преку повеќе дејствија и примена на посебни истражни мерки, обезбедени се докази кои упатуваат на основано сомнение дека тој го искористил своето реално влијание и службената положба што ја вршел за недозволено да влијае врз одлучувањето на колеги јавни обвинители и судии во најмалку 4 поединчени предмети, на подрачјето на кое ја вршел својата функција. “
Истрагата во овој случај продолжува со цел да се обезбедат дополнителни докази.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
