Македонија
7. October 2026 - 16:38

Не помина предлогот за минималец од 600 евра - Од 105 присутни пратеници само 13 гласаа „да“

Минималецот од 600 евра за работниците не доби зелено светло од парламентот. Предлозите на опозициската СДСМ за зголемување на животниот стандард за граѓаните во услови на криза не добија поддршка од мнозинството.На светскиот ден на пристојна работа, обвинија дека за две години за над 8000 денари пораснале трошоците за живот на едно четиричлено семејство, а секој петти граѓанин живее во сиромаштија. Побараа наместо декларативни изјави, заложбите да станат реалност, а аргументите да се соочат на јавна дебата. 

Мнозинството со контра аргументи -  минималната плата ќе расте, а со неа и другите плати. Според пратениците за да се смени начинот на утврдување на износот на платите, потребен е договор меѓу работниците, синдикатите и работодавачите. Дебатата се заостри со обвинување во чие време поубаво се живеело.

Опозицијата го критикуваше и предлогот на стопанската комора со која ќе се бара намалување на неработни денови за работниците.

Од крајот на 2024-та година, СДСМ три пати го поднесува истиот закон за зголемување на минималната плата.