Македонија
29. October 2026 - 17:17

Седница за пратенички прашања

Обвинувањата за сторени криминали и личните дискредитација доминираат и на оваа седница за поставување пратенички прашања.

„Ја почитувам функцијата, ама не и тебе лично“ - опозицискиот лидер Филипче го обвини премиерот за пропаганда и политички отстрел, бараше одговори за врските со Вучиќ и Орбан и парите од унгарскиот кредит. Му порача дека граѓаните сè уште чекаат да ги исполни ветувањата, меѓу кои и оние за враќање на името на државата.

Мицкоски ги отфрли обвинувањата, нарекувајќи ги лаги и политички конструкции. Нема ниту „К“ од криминал му врати на Филипче. Се повика на извештајот на државната ревија кој бил потврда дека парите се за македонската економија.
Тврдеше дека владата не ги руши државните интереси, туку го враќа тоа што претходнта влада го распродаде.

Филипче бараше одговори од Мицкоски и за рудниците обвинувајќи дека владата ја распродава државата. Мицкоски согласен со проектот за рудник во паланечко, но ја обвини претходната власт за состојбата со Казандол, за која вели наместо милионски суми по арбитражата, успеале да има 0 трошоци за Македнија. 

Албанската опозиција го впери прстот кон власта за изборите во Брвеница. Мицкоски ги повика граѓаните да гласаат според сопственото убедување.

Етничкиот предзнак да се тргне од изборите во Брвеница, порача и собранискиот спикер.

Младинскиот стандард и студентскиот оброк, беа дел од темите на седницата за пратенички прашања последна за овој месец.