Мицкоски и Филипче со спротивставени толкувања за Алта банка
Премиерот Христијан Мицкоски ја обвини претходната влада дека уште во 2023-та година постапувала во насока на воспоставување деловни односи со српската банка.
Во излагањето на надзорната расправа како доказ покажа извадок од владина седница од октомври 2023-та, тврдејќи дека влада побарала одобрение Државното правобранителство да влезе во деловни односи со српската банка.
Праша дали поранешната влада предводена од Димитар Ковачевски знаела каков капитал стои зад Алта банка и кој е нејзиниот сопственик, кога се разгледувало прашањето за акциите на македонската држава во српската банка.
Филипче пак го обвини Мицкоски дека манипулира со документите за да ја префрли одговорноста за влезот на Алта банка.
Со документи потврдува дека дури 4 месеци претходно во јуни на вонредна седница, акционерите на Алта банка донеле одлука за принудно откупување на акциите.
По ваквите случувања на седница на владата од октомври 2023-та било задолжено Државното правобранителство да го заштити државниот интерес во случајот со отуѓувањето на акциите.
Пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ тврдат дека записниците од владината седница кои ги покажа премиерот ја даваат вистината за влезот на Алта банка во земјата.
Како потврда за изјавите и тие ги споделија записниците од седницата.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар
