Македонија
11. November 2026 - 16:49

Надзорна расправа во Собранието за Алта банка: Опозицијата бара одговори од власта

„Кој дозволил Алта банка да влезе во земјава? Дали власта знаела дека Мацура е нејзин сопственик, чиј капитал го стегнал на сомнителен начин, со руски капитал, а Алта била лична банка на Вучиќ.“

Ова беа дел од прашаењата кои опозицијата му ги постави на прмиерот Мицкоски, кој прв одговараше пред Надзорната Комсиија во Собарнието.

Не знаеше во кое својство бил повикан, но замоли – опозицијата да не одмага да се спаси банката.

Таа е ликвидна и добро капитализарана, а целта на власта е да се најде купувач, за да се заштитат и вработените и клиентите.

- Единствен начин да се спаси Стопанска Банака Битола во 2024-та било да се продаде, бидејќи била изоложена на серозни ризици, вели Гувернерот Славески.

Од Надзорните тела во Србија биле добиени сите информации дека зад Алта не стојат сомнителни транскации и дека банката работи согалсно законотите.

Пратеничката Лукаровска пак го обвини дека лично тој е одговорен за влезот на Алта и побара негова оставка.

Опизицијата прашуваше и зошто државата ги продавала акциите од јавните претпијатија на Алта банка и дали преку Алта се делеле пари од унгарскиот кредит.

Министерката за финании изјави дека работат согласно законот, а кредитете се делат преку Развојната банка.

Дел од поканетите гости, меѓу кои претставници на Алта банка, воопшто не дојдоа на надзорната раправа за банката.

Листата на поканете говорни е долга, брои над 30 члена, меќу кои и Јавниот Обвинител, директорите на Ѕправта и Агенциајта за финансиско разузнавање, како и лица поврзани со стечајот на Еурсотандард банката.