Трајанов: Сега е времето да ги бараме досиејата на УДБА
Македонија да го искористи моментот и со промената на власта во Србија по повеќе од една деценија да ги побара досиејата на УДБА. Националниот координатор за борба против тероризмот Павле Трајанов во Тема на денот во Дневникот на Сител кажа дека освен за неуспешниот атентат на поранешниот претседател на државата Киро Глигоров, треба да се побараат и други досиеја релевантни за државата.
Трајанов вели дека е можно Хрватска и Словенија исто така да ги бараат своите досиеја и тоа да биде услов за патот на Србија кон Брисел.
Говорејќи за светските случувања, Трајанов уверува дека во моментов, и покрај тоа што Русија со војната со Украина го засилува своето присуство и влијание во регионот, македонската влада сепак немала влијанија од Москва.
Во однос на бранот протести низ Европа рече не очекува прелевање на состојбите и тука бидејќи со Македонија раководи Влада која добила голема поддршка, и која од скоро ги презела функциите. Трајанов вели дека овие бранови на протести се случуваат во држави во кои подолго време владеее одреден естаблишмент.
-
Даниел Василев
Сите содржини од овој новинар
