Шасивари: Нулта толеранција за насилството врз жените

Случајот со 26-годишната девојка од Охрид, која беше брутално претепана, како и неодамнешната трагедија со 17-годишната девојка која го загуби животот, се сериозни предупредувања дека насилството врз жените бара бескомпромисен институционален одговор, порачуваат од Министерството за правда и посочуваат дека министерот Јетон Шасивари, најостро го осудува секој облик на насилство врз жените и нагласува дека нема оправдување за насилството, нема простор за релативизирање и нема толеранција за обиди за прикривање или влијание врз постапките.
Министерот, како што велат, очекува сите надлежни институции, секоја во рамките на своите законски надлежности, да постапуваат професионално, навремено, неселективно и со целосна одговорност. Полицијата, обвинителството и судовите мора да постапуваат без притисоци, без привилегии и без двојни стандарди. Секое евентуално пропуштање, непостапување или незаконско влијание мора да биде предмет на соодветна проверка и одговорност.
-Државата има законска обврска и правни механизми да ги заштити жртвите и да ги санкционира сторителите. Со новиот Кривичен законик дополнително се зајакнува кривичноправната заштита од семејно и родово базирано насилство. Предвидени се затворски казни за потешките облици на насилство, а за определени кривични дела во контекст на семејно и родово базирано насилство се предвидува гонење по службена должност, без товарот на постапката да се префрла врз жртвата. Но, законите не смеат да останат само напишани одредби. Тие мора доследно да се применуваат. Секоја пријава мора да се сфати сериозно, секој ризик мора навреме да се препознае и секоја жртва мора да добие соодветна заштита. Ниту една жена не смее да живее во страв. Ниту една девојка не смее да се прашува дали државата ќе ја заштити. Ниту еден сторител не смее да смета дека ќе остане недопирлив - истакнуваат од Министерството за правда.
Заштитата на жртвите, додаваат, мора да биде приоритет, законот мора да важи еднакво за сите, а одговорноста да биде правило, а не исклучок.
-Насилството мора да запре, институциите мора да постапуваат, а одговорност мора да има - порачуваат од Министерството за правда.
МИА
Ново на Сител
-

Шасивари: Нулта толеранција за насилството врз жените
-

Закани за скопски кошаркар: Порака го чекала на автомобилот во подземна гаража
-

Бугарија доби повик за помош од товарен брод што тоне во Црното Море
-

Кражба во Визбегово, украдени злато, пари и возило на МЕПСО
-

Скопјанец на Бит Пазар физички нападнал сосед и неговата малолетна внука, им се заканувал со остри предмети
-

По повеќечасовна потрага, пронајден планинарот кој исчезна во Мариово
-

Лукаку ја заврши репрезентативната кариера
-

20-годишна добитничка на лотарија одби еднократна исплата од 1 милион долари – избра да добива по 1.000 долари неделно до крајот на животот
