Мицкоски пред патувањето во Брисел: Одбивам разговори за билатерални прашања
Нашата домашна задача ќе ја завршиме, но за билатерални прашања, одбиваме да разговараме. Оваа порака премиерот ќе им ја пренесе на Фон дер Лајен, Кошта и Калас со кои ќе има можност да разговара на самитот ЕУ Западен Балкан кој доцна попладнево се одржува во Брисел.
Мицкоски не сака да го коментира директорот на директоратот за проширување Јан Копман кој минатата недела во интервју за Балканс Дебриф рече дека клучот за деблокада на интегративниот процес е кај Македонија која треба да ги внесе Бугарите во Уставот. Од самитот попладнево очекува потврда дека Брисел се уште има интерес за Западниот Балкан.
Самитот во Брисел се одржува во период кога Албанија веќе ги отвори сите шест преговарачки кластери, а Црна Гора напредува кон затворање на преговорите. Но и покрај тоа, Премиерот вели дека тие не се понапред од Македонија бидејќи како што рече, тие патуваат до Брисел во автобус кој се клати.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
