Македонија
28. November 2026 - 16:33

Средношколците се борат за награда од милион денари

Средношколци со иновативни и претприемачки дух во трка за награда од еден милион денари. Од вкупно 650 пријавени проекти, 60 се пласираа во потесниот круг на натпреварот за идни бизниси, во организација на „Бреинстер Некст“. Натпреварувачите денеска ги посети министерката за образование и наука, Весна Јаневска, која ја истакна важноста на поддршката на младите таленти и соработката меѓу образовните институции и бизнис-заедницата..