Македонија
28. November 2026 - 16:33

Јаневска: Не гледам причина за протест ако на студентите им се нуди повеќе

Државата им нуди повеќе а тие најавуваат протести вели министерката за образование која не ја гледа логиката за незадоволството кај студентите. Правото на протест им е загарантирано вели Јаневска но смета дека предложените законски решенија се во корист на студентите и уверува дека интезивно се работи на новото решение. Државата континуирано инвестира во подобрување на студентскиот стандард, преку вложувања во студентски домови, научно истражувачка дејност и други мерки нагласи министерката. 

Од Владата најавија поширок пакет привилегии со новата апликација М- студентски оброк со попусти и до 50 проценти а во следна фаза и дека ќе се разгледа опцијата овие поволности студентите да можат да ги користат и надвор од државата. 

Но, за студентите не е спорно зголемувањето на оброкот, туку кога и на кој начин ќе го добијат. Тие бараат дневниот износ да се зголеми од 140 на 180 денари, односно да добиваат 4.500 денари месечно, и тоа веднаш. Вака се изјаснија околу 7000 студенти на референдумот кој беше спроведен за студентскиот оброк. Бараат и да се задржи постојниот систем на исплата преку платежни картички, наместо најавеното воведување дигитални ваучери, како и редовно усогласување на износот со инфлацијата.

Студентските претставници му дадоа рок од две недели на МОН да одговори на нивните барања. Во спротивно, најавија протести.