Македонија
28. November 2026 - 16:33
Повторно лажни пораки за наводни сообраќајни прекршоци
Повторно зачестени пријавите од граѓани за различни видови интернет и компјутерски измами, како и измами за сторени сообраќајни прекршоци регистрирани од системот „Безбеден град“ во Охрид.На лажните пораки наведен е линк преку кој се пренасочуваат граѓаните да извршат уплата за наводен сообраќаен прекршок.
За среќа намален е бројот на граѓани кои се директно оштетени односно кои платиле на линковите кои ги добиле вели портпаролот на СВР Охрид Димоски.
Вакви измами беа забележани и претходно уште додека траеше пробниот период за функционалноста на системот.
Од СВР Охрид посочуваат секој ваков случај да го пријавуваат во најблиската полициска станица.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
