Македонија
29. November 2026 - 16:24

Нема спас од рибокрадците

Рибокрадците продолжуваат да го пустошат рибниот фонд на Охридското езеро.И покрај засилените контроли  на црно да се ловат ендемичните видови риба пастрмка ,белвица и крап кои имаат висока цена на пазарот. Полицијата пред само неколку дена  во близина на  Пештани, пронајде рибарски мрежи со должина од околу 100 метри со улов од 239 парчиња риба охридска белвица и друг вид риба, како и повеќе парчиња разновиден риболовен алат. 

Екологистите  велат дека освен засилени контроли треба да има и повисоки казни.

Незаконитиот риболов предизвика дисбаланс во рибниот фонд на Охридското Езеро, сметаат добрите познавачи.Забрана за риболов има, полицијата казнува, но рибокрадците не мируваат.