Холандска платформа: Еди Рама е добар за Македонија, Чавушоглу не чини за Холандија
Турско-холандскииот дипломатски инцидент низ призмата на политичката состојба во Македонија. Дневниот весник дневник, во анализа насловена ХОЛАНДСKА ПЛАТФОРМА: Еди Рама е добар за Македонија, Чавушоглу не чини за Холандија, прави паралела меѓу настаните од Холандија и состојбите во Македонија, особено во делот на активностите на турскиот дипломатски претставник во Холандија. На холандските власти не само што не им се допаднале неговите политички активности, туку не му дозволија ниту на шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу да слета и да се приклучи на закажаниот собир.
-Ова е еден од клучните моменти – дали активностите на турскиот конзулат значат кршење на домашните и на меѓународните закони или не? Дали е едно политичката активност на турското ДKП во Ротердам, а сосема друга работа е политичка активност на холандско ДKП во Турција, во Македонија или во некоја друга земја? Сегашниот амбасадор на Kралството Холандија во Скопје, се среќава со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кому му искажува нескриена поддршка. Дали ова не е мешање во внатрешните работи, како што, на пример, Чавушоглу би се вмешал во холандските внатрешни работи, како што порачуваат од Хаг и тоа предизвикува реакции. Нели е нормално и кај Македонците да има реакција заради вмешувањето однадвор, пишува дневник во анализата.
Инаку, состојбите меѓу Холандија и Турција, по серијата дипломатски инциденти се во фаза на голема наелктризираност. Незадоволството се прелеја и на улиците на Ротердам и во Истанбул.
Турција ја обвини Холандија за срамен однос кон турската министерка за семејство, на која холандските власти не и дозволија да влезе во турскиот конзулат во Ротердам, а не и било дозволено да излезе и од автомобилот, па неколкучасовните преговори биле водени додека била во возилото, а околу неа и обезбедувањето. По неколкучасовната тензична состојба, таа со полициски кордон е депортирана во Германија.
Искрењата меѓу Холандија и Турција почнаа со сета своја сериозност уште минатото лето по неуспешниот државен удар во Турција. Одговорот на Холандија до Анкара беше дека таа нема намера да ги лови таканаречените „ѓуленисти“ на нејзина почва откако властите во Турција за пучот го обвинија Фетула Ѓулен.
Сега, во време кога се водат последните денови од кампањата за референдумот во Турција за уставни реформи и давање поголеми овластувања за претседателот, во некои од тие активности беше вклучен и турскиот конзулат во Ротердам. Холандскиот премиер акциите на турската влада да испратат министер во Ротердам, иако претходно им било кажано дека таа не е добредојдена, ги квалификува како невообичаени. Холандските власти велат дека ситуацијата е специфична затоа што и во нивната земја се бројат последните денови пред клучните парламентарни избори, а планираниот говор на Чавушоглу пред конзулатот во Ротердам бил безбедносен ризик за јавниот ред.
-
Марјан Ников
Сите содржини од овој новинар