Македонија
15. May 2023 - 12:26

Нов обид на Штип да издаде општинска обврзница

Штипската локална самоуправа по втор пат поднесе барање за согласност до Министерството за финансии и Комисијата за хартии од вредност, за издавање на првата општинска обрвзница. Доколку овој пат добие позитивен одговор, заинтересираните страни, фондови, банки и правни лица ќе можат да откупат 8000 обврзници, со што во касата на општината би се слеале близу 4 милиони евра.

- Општинската обврзница не е за финансирање на плати, за не продуктивни трошоци, туку е за реализација на капитални проекти. Во сите западно европски држави, односно, општини, се финансираат на ваков начин. Пробавме ние да бидеме први во нашата држава и да го одбереме овој модел на финансирање на проектите- изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.

Општината е ликвидна и ги враќа сите заостанати долгови, камати и обврски, коишто во минатото ЈП „Исар“, а индиректно и општината ги имале кон Министерството.

- Ние не бараме милост, ниту нешто надвор од законските одредби на државата. Јас се надевам дека нема овој пат да дојде до недоразбирање, до кочење или слично и општината ќе ја добие потребната одлука на Влада, затоа што ги исполнивме сите потребни услови за да ја издадеме општинската обврзница и со тоа да јандеме начин на финасирање на одредени прокети, коишто дефинитивно ќе значат развој на градот Штип- додаде Јорданов

Минатата година повеќе општини побараа да им биде дозволено да издадат општински обрзници, но сите добија негативен одговор.