Нов закон во Русија: Доброволна самозабрана за игри на среќа како заштита од зависност

Од 1 септември 2026 година, руските граѓани ќе можат самите да си воведат забрана за учество во игри на среќа. Оваа одлука ќе биде исклучиво доброволна и е замислена како алатка за заштита од зависност од коцкање, изјави за ТАСС заменик-претседателот на комисијата за спорт на Државната дума, Амир Хамитов.
Според новиот закон, барањето за самозабрана ќе се поднесува преку државниот портал „Госуслуги“. Забраната ќе мора да трае најмалку една година и не може да се повлече предвреме. Букмејкерите и организаторите на игри на среќа нема да смеат да прифаќаат облози или да префрлаат пари на лица кои се наоѓаат на оваа листа, ниту пак да им испраќаат реклами.
„Ова е важен социјален чекор. Првпат државата им нуди на граѓаните едноставен и законски инструмент за заштита од зависност, пред проблемот да доведе до сериозни последици“, нагласи Хамитов
MИА
Ново на Сител
-

За 72 часа стартува „Safe City“ – МВР апелира граѓаните да ги ажурираат податоците
-

Пратенички прашања во Парламентот – најмногу одговараше Мицкоски
-

Нацрт верзијата за укинување на техничката влада е доставена до пратениците, СДСМ се противи
-

Сиљановска ги потпиша измените на Кривичниот законик
-

Ќе се градат гробишта за домашни миленици во општините
-

Пратенички прашања во Собранието
-

Поднесено обвинение за поранешната директорка на прилепската болница и тројца вработени
-

Доброволно ПП друштво против пожарите во Општина Карбинци
