-->
-->
Нов Зеланд со огномети и јавни настани ја дочека Новата 2026 година
-->

Нов Зеланд ја дочека Новата 2026 година со организирани огномети и јавни настани, со што Пацификот прв во светот влезе во новата календарска година.
Во Окленд, најголемиот град во земјата и првиот поголем град што ја дочека 2026 година, беа осветлени главните знаменитости, а на кулата „Скај Тауер“ беа проектирани фотографии од „посебни моменти“ испратени од граѓаните во текот на 2025 година.
Одбројувањето започна на мостот „Окленд Харбор Бриџ“, по што следеше огномет од „Скај Тауер“.
Главниот град Велингтон, исто така, организираше огномет и музичка програма во центарот на градот. Новата година во главниот дел од Нов Зеланд настапи во 12:00 часот по средноевропско време, додека Четемските Острови ја дочекаа Новата година 45 минути порано.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Куче починало по престој во пансион – сомнежи за зараза со парвовироза, АХВ на терен
-

Преглед на вестите од светот
-

Родители на жртвите сведочат на судењето за Кочани
-

Новиот Закон за Судски совет денеска пред пратениците
-

Левица со предлог Закон - Да нема отказ при бременост
-

Недостига кадар во угостителскиот сектор
-

Штипска Клиничка се конолидира кадровски и финансиски
-

Преглед на вестите од светот
