Нова дигитална услуга на МВР: Уверение за жителство за моментална адреса на живеење
Министерството за внатрешни работи интензивно продолжува со процесите на дигитализација и со тоа приближување на своите услуги до граѓаните - од денеска на националниот портал http://uslugi.gov.mk достапна електронски е една од најбараните услуги на граѓаните на шалтерите на МВР: Уверение за жителство за моментална адреса на живеење.
Како што соопшти МВР, граѓаните можат да ја пронајдат услугата директно на следниот линк: https://uslugi.gov.mk/service-details.nspx?serviceId=5737
Оттаму додаваат дека Министерството за внатрешни работи во текот на неколку месеци дигитализираше дел од своите услуги за граѓаните коишто секојдневно ги користат за нивните потреби: апликација за дозвола за оружје; потврда за моментална сопственост за возила за физички лица; потврда за поседување на моторни возила за одреден временски период за физички лица; Потврда за моментална сопственост на моторни возила за правни лица; Потврда за поседување на моторни возила за одреден временски период за правни лица.
-Министерството ги активира сите свои капацитети со цел да овозможи дигитализација на сè поголем број услуги за граѓаните во иднина, стои во соопштението на МВР.
Ново на Сител
-
Се одложи стартот за судењето за Онкологија
-
Турската компанија Чагатај Кабло отвора нов погон во Бунарџин
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги наруши меѓународните позиции и ја понижи Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ: Институциите успешно се справуваат со пожари
-
СДСМ обвинува за нови тендерски мрежи на владата
-
Објавен конкурсот за упис на УГД – Штип за академската 2025/2026
-
Преглед на вестите од светот
-
Денеска вкупно 29 пожари, активни се уште се 9, меѓу кои и кај Блаце