Нова измама: Лажни СМС пораки за сообраќајни прекршоци испратени до граѓани
Секторот за внатрешни работи од Охрид информира за зачестени доставени пријави од граѓани за добиени СМС-пораки со известувања за евиндентирани сообраќајни прекршоци.
Според полицијата, граѓани добивале пораки на нивните мобилни телефони, наводно испратени од Одделението за моторни возила при МВР со известување за безбеден град дека нивното патничко моторно возило било евидентирано за сообраќаен прекршок.
Притоа, на лицата им биле давани насоки на која електронска адреса можело да се видат деталите за наводниот прекршок, со повик да ја платат казната во рок од осум дена за истата да биде намалена за 50 проценти.
Оттаму од СВР – Охрид се известуват граѓаните дека станува збор за лажни пораки што се класичен обид за измама со цел противправно стекнување парични средства.
Полицијата апелира на внимателност, лицата добиените пораки и линкови да не ги отвораат, да не го контактираат испраќачот, да не споделуваат лични податоци и да не вршат уплата на парични средства.
Ново на Сител
-

Карневалски денови во Струмица
-

Колку ќе биде тешко да се докаже дали во кумановско имало сериски убиец?
-

Истрага за пет тони марихуана
-

Бугарија ќе нема право на вето кај постепеното зачленување во ЕУ
-

Паневропска Унија: Сите земји треба да имаат полноправно членство на ЕУ, не држави без право на глас
-

Забрзано се гради новата делница од Коридор 8 Гостивар - Букојчани
-

Уништен еден тон небезбедна „здрава“ храна
-

Да се повлече предлог законот за извршување, бара КСОМ
